Варан: Го советувам мојот син да не ја удира топката со глава

од Симе Стоиков
176 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан изјави дека го оштетил своето тело со постојано удирање на топката со главата за време на тренинзите и натпреварите и повика на поголема заштита и свесност за потреси на мозокот.

„Мојот седумгодишен син игра фудбал и јас го советувам да не ја удира топката со глава. Тоа е клучно за мене. Дури и ако тоа не предизвика непосредна траума, знаеме дека на долг рок, повторените шокови може да имаат штетни ефекти. Не знам дали ќе доживеам 100 години, но знам дека си го оштетив телото. За опасностите од удари со глава треба да предупредуваат и советуваа сите терени и оние од аматерско ниво за да допрат до младите луѓе“, изјави Варан за ЛЕкип, а пренесува Би-би-си. .

Тој рече дека и покрај потресот на мозокот, го одиграл натпреварот меѓу Франција и Германија во четвртфиналето на Светското првенство во 2014 година, како и натпреварот за Реал Мадрид против Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2020 година.

Варан изјави дека се изложил на ризик на тој натпревар против Германија, откако неколку дена претходно добил удар во глава на натпреварот против Нигерија.

Слични содржини