Вардар – Монпелје ќе се игра пред полни трибини и покрај препораките од Владата

од Vladimir Zorba

Од РК Вардар соопштија дека сите кои купиле билети за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански”, дека мечот Ќе се игра во присуство на публика.

„Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје. Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот“, велат од клубот.

Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”. Безбедноста на натпреварот ќе биде во координација со други наделжни ннституции.

Слични содржини