Вархеји по средбата со Додик: За кандидатскиот статус на БиХ потребни се забрзани реформи

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, денеска по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Источно Сараево изјави дека треба да се забрзаат реформите во БиХ за таа земја да добие позитивна одлука за кандидатски статус.

„Поддршката на претседателот на РС Милорад Додик за работата на кандидатскиот статус на БиХ беше охрабрувачка“, напиша Вархеји на Твитер.

По средбата со Вархеји, Додик изјави дека Република Српска останува посветена на евроинтеграциите и дека очекува БиХ да добие кандидатски статус во декември.

Тој додаде дека со еврокомесарот разговарал за сите реформи што треба да се спроведат, меѓу другото, за потребата од донесување стратегија за управување со миграцијата и азилот, за активирање на контакт точка за соработка со Европол, како и за други важни прашања.

Еврокомесарот за проширување беше во дводневна посета на Босна и Херцеговина, каде што имаше средби со највисоките државни претставници, како и со политичките лидери.

Слични содржини