Вархеи трет ден во Белград со претставници на опозицијата и Брнабиќ

од Илинка Илиоска
159 прегледи

Комесарот за соседска политика и проширување на Европската унија (ЕУ) Оливер Вархеји на 15 мај, на крајот од тридневната посета на Србија, рече дека „наредните години се клучни за завршување на реформите за нејзино пристапување“ во ЕУ.

На последниот ден од престојот во Белград, Вархеји се сретна со претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ и други претставници на парламентот.

Тој на социјалната мрежа Х напиша дека му е мило што слушна дека „Српскиот парламент е подготвен да работи брзо на клучните реформи“ и дека финансискиот план за раст на ЕУ за Западен Балкан помага да се забрза тој процес.

Вархеји оцени и дека претседателката на парламентот Ана Брнабиќ „го олеснила меѓупартискиот дијалог во изборната рамка“.

Тој напиша дека заедничка цел е отворањето на Кластерот 3 и ја поздрави „заложбата на Собранието за спроведување на реформите на ЕУ, меѓу кои е и слободата на медиумите“.

Кабинетот на претседателот на Собранието соопшти дека таа на средбата со Вархеји изјавила дека „во овој мандат ќе се залага за зајакнување на институциите и демократските принципи во Србија“.

„Ќе продолжиме да работиме на реформите и ќе посветиме најголемо можно внимание на усогласување на националните прописи со европските закони“, рече Брнабиќ.

Таа посочи дека полноправното членство во ЕУ е стратешки приоритет на Србија.

Во текот на денот еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји се сретна и со претставници на опозициските партии во српскиот парламент.

Вархеји на 15 мај на социјалната мрежа Х напиша дека во Собранието разговарале за напредокот во пристапот на Србија во ЕУ, слободата на медиумите, владеењето на правото, изборите, како и планот за финансиски раст на земјите од Западен Балкан.

„Србија е најголемиот корисник на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан (ЕИП) и Планот за раст. Ние носиме важни економски придобивки поврзани со реформите на владеењето на правото“, напиша тој.

Слични содржини