Вархеји: ЕУ поддржува целосна имплементација на заедничкиот пазар на Западен Балкан

Нашата цел е на преговарачка маса да разговараме за постепена интеграција на регионот во единствениот пазар на ЕУ, напиша Вархеји на „Х“.

од Бети Божиноска
208 прегледи

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска соопшти дека Европската унија го поддржува целосното спроведување на Заедничкиот пазар на Западен Балкан (ЦРМ).

Се сретнав со специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Зарацин, разговаравме за агендата на следниот Самит на Берлинскиот процес. Нашата цел е на преговарачка маса да разговараме за постепена интеграција на регионот во единствениот пазар на ЕУ, напиша Вархеји на Х.

Тој додаде дека и со задоволство разменил мислења со британскиот амбасадор во Европската унија, Линдзи Еплби, за поддршката за Украина, Западен Балкан и ситуацијата во Газа.

Слични содржини