Комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеjи изјави дека на денешниот самит во Тирана се потпишани договори во четири области меѓу ЕУ и Западен Балкан.
Тој на прес-конференцијата, по самитот за Планот за раст на Западен Балкан, објасни дека првиот договор се однесува на СЕПА, што значи сеопфатен преглед на сите регулаторни аспекти.
„Банкарскиот систем главно има европски банки. Што значи дека мора да се применуваат истите правила што важат во земјите на потекло, но предизвикот е колку брзо можеме тие правила да станат конкретни на терен, па колку брзо да бидат аплицираше, но мислам дека имаше широка согласност дека тоа ќе се постигне оваа година“, рече тој.
Вториот потпишан договор се однесува на зелените коридори кои подразбираат укинување на сите времиња на чекање на граничните премини, што значи дека царинските процедури ќе се прилагодат за да се забрзаат граничните премини низ регионот.
„Веќе имаме неколку гранични премини кои работат во двојна форма за различни земји, но ова мораме да го прошириме на сите земји од Западен Балкан, односно на сите гранични премини. Ова е нешто што треба да биде завршено до крајот на оваа година и на тој начин значително ќе се намалат трошоците за водење бизнис за различни бизниси во земјите од регионот“, изјави Вархеји, пренесува албански „Euronews“.
Третиот договор е за научно истражување, што значи дека ја носиме следната генерација на различни индустрии во регионот, што значи дека иновациите, истражувањата, научните истражувања, различни индустрии ќе имаат потреба од центар каде што ќе може да се поддржат овие индустрии. Четвртиот договор се однесува на бесплатна интернет мрежа на јавните простори ширум Западен Балкан, со цел секој да има можност да пристапи до Интернет.
„Можеме да видиме дека како дел од економскиот инвестициски план, имаме средства за ова и сега треба да ги опремиме општините со сите потребни алатки за да се оствари ова оваа година“, истакна Вархеји.
Тој, исто така, посочи дека процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан може да се заврши побрзо. Вархеји рече и дека компаниите од Западен Балкан се уште не можат да се натпреваруваат со компаниите од ЕУ, така што ќе продолжат да се издвојуваат средства за продолжување на реформите кои ќе му помогнат на регионот во однос на конкурентноста.
„Конкуренцијата на пазарот на ЕУ е многу висока во споредба со пазарот на Западен Балкан и би било нефер да се бара од балканските партнери да учествуваат на заедничкиот пазар, каде што имаат помалку можности да се натпреваруваат со нашите компании“, кажа еврокомесарот.