Вархеји: Работиме на заедно прифатливо решение за да започнеме преговори со С. Македонија

од Nikola Popovski
269 прегледи

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји е оптимист дека ќе се крене бугарското вето за Северна Македонија во јуни.

Тој после вчерашната официјална посета на Софија и средбите со бугарскиот претседател Румен Радев, министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска и бугарскиот премиер Кирил Петков, напиша на Твитер дека наскоро ќе се врати во Бугарија за да се најде заеднички прифатливо решение.

-Работиме на заемно прифатливо решение за да можеме да ги започнеме преговорите со РС Македонија и Албанија со одржување на меѓувладина конференција во јуни. Го ценам отворениот дијалог со бугарскиот претседател Румен Радев. Важноста да имаме стабилен и просперитетен Западен Балкан нема цена. Во овој контекст, значаен придонес би бил одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија. Треба да работиме на ова заедно. За три недели ќе се вратам во Софија за да најдеме заеднички основа и поддршка од Бугарија, за да го започнеме преговарачкиот процес со Република Северна Македонија во јуни, пишува Вархеји.

Пратениците на ЕУ вчера предупредија на „безбедносни импликации за Европа“ доколку не се отворат пристапните преговори со Албанија и северна Македонија, пишува dtt-net.com. Тие ги повикаа сите 27 членки на блокот да отворат пристапни преговори со двете земји кандидати од Западен Балкан, „особено во геостратешки контекст на војната во Украина“.

Пратениците предупредија на „историски важни безбедносни импликации за стабилноста на Европа“ доколку не се исполни ветувањето.

Слични содржини