278
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека Западен Балкан е приоритет за ЕУ и дека Брисел ќе даде целосна поддршка за земјите од регионот да не зависат од руската енергија.
Во снимената порака на панелот во рамките на Форумот во Преспа во Охрид, Вархеји рече дека времињата се тешки и предизвикувачки за економијата и посочи дека пандемијата на коронавирус има негативно влијание прво врз економијата, а потоа и војната во Украина.
„Последиците од таа војна се видливи и надвор од Украина и во целиот регион, кога станува збор за несигурноста и цените на енергијата. Предизвиците со кои се соочуваме се глобални“, наведе тој.