„Го повикуваме Мицкоски да престане со лицемерно и неодговорно однесување, да ги осуди овие срамни и навредливи протести, да се огради од нив и да почне да се бори против коронавирусот, кој се победува со вакцинација. А, сега откако мерките го предомислија антиваксерот Мицкоски да се вакцинира, редно е да ги повика и граѓаните на масовна имунизација“, вели денеска Стефан Васев од СДСМ.
„Остана и неодговорено прашањето кога Мицкоски, кој се чувствувал „лимитиран“, ја примил вакцината, дали на почетокот на август, кога објави на фејсбук или на 31 август, кога кажа на телевизија. Не е ништо необично за Мицкоски, политичарот без став, да се изгуби во сопствените лаги, да шири невистини.
Додека Мицкоски се однесува незрело и неодговорно и претставува опасност за здравјето на граѓаните одново ќе биде поразен на локалните избори!“, посочува Васев.