Вашингтон не може да стапи во контакт со Ким Јонг Ун

од Nikola Popovski
271 прегледи

САД се обидоа безуспешно да ја контактираат Северна Кореја преку неколку канали, изјавила портпаролката на Стејт департментот, Џалина Портер.

Според неа, обидите биле „преку неколку канали, вклучително и Њујорк“. САД не ги поддржуваат дипломатските односи со Северна Кореја. Сепак, постои постојана мисија во Северна Кореја во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

„Тие се обидоа да стапат во контакткако би се избегнала ескалација“, рече Портер.

„Досега не добивме одговор“, додаде таа.

САД преговараа со Северна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров за време на претседателот Доналд Трамп. Разговори се одржаа и на ниво на лидери.

На почетокот на јануари, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги нарече САД главен непријател на Северна Кореја. Тој изјави дека политиката на Вашингтон кон Северна Кореја ќе остане непроменета, без оглед кој е на чело на американската администрација.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во февруари рече дека американскиот претседател Џо Бајден побарал од неговиот тим за национална безбедност да ја ревидира својата политика кон Северна Кореја „во сите насоки“.

-Треба да се утврдат најефикасните начини за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, што вклучува понатамошни санкции против Северна Кореја, како и дипломатски стимулации, рече Блинкен.

Слични содржини