Новоизбраниот претседател на САД, демократот Џо Бајден размислува да ја вклучи поранешната претседателска кандидатка Хилари Клинтон во својата администрација, која би можела да биде амбасадор на САД во Обединетите нации.

Клинтон, која загуби од Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година, во моментов е главен кандидат на Бајден за улогата на амбасадор, објави Индипендент, повикувајќи се на Вашингтон пост.

Тимот на Бајден со месеци ги проверува потенцијалните кандидати за главни улоги во неговата администрација, а во наредните денови ќе му бидат презентирани бројни можности.

Избраниот претседател веќе започна да собира тим за борба против коронавирусот и наскоро ќе треба да избере членови на администрацијата.

„Во тек се разговори за формирање администрација, без оглед дали Трамп одбива да признае пораз на изборите“, наведува Индипендент.

Хилари Клинтон беше кандидат за претседател на Демократската партија на изборите во 2016 година, кога загуби од републиканскиот противкандидат Доналд Трамп.

Во Изборниот колеџ, Клинтон доби 232, а Трамп 306 гласа. Од друга страна, она што е интересно е дека Клинтон доби повеќе гласови од народот – 48,2% во споредба со 46,1% освоени од Трамп.

Во 2000 година, Клинтон беше избрана за прва жена што служеше како сенатор во сојузната држава Њујорк, додека од 2009 до 2013 година, таа беше државен секретар во администрацијата на Обама.

Слични содржини