Вашингтон пост: Хамас давал информации за Исламски џихад за да го измами Израел

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Како дел од долгорочните планови да го измамат Израел за да мислат тамошните власти дека оваа терористичка организација не сака конфликт, Хамас обезбедувал разузнавачки информации за уште една таква организација, палестинскиот исламски џихад, пишува „Вашингтон пост“.

Во извештајот, кој се повикува на неименуван израелски безбедносен функционер, се вели дека Хамас ги давал информациите за помалата екстремистичка организација во Појасот Газа „за да го зајакне впечатокот дека е заинтересиран за соработка“.

Соработката наводно се одвивала за време на конфликтот меѓу палестинскиот исламски џихад и израелската армија во мај.

Хамас, кој владее со Појасот Газа, не се мешал во конфликтот, а резултатот бил зголемена економска поддршка, наведуваат израелските медиуми.

Ова навело многумина во Израел да веруваат дека Хамас не е заинтересиран за конфликтот и му дозволило да изврши невиден ненадеен напад на југот на израелската територија на 7 октомври.

Мири Ајсин, поранешен висок воен разузнавач, изјави за американскиот весник дека демонстрациите на граничната ограда меѓу Газа и Израел биле користени од терористичката организација за да ја навикне израелската армија на маса луѓе на границата.

Таа додаде дека Израел повеќе бил загрижен за либанскиот Хезболах, кој во 2018 година најави дека планира да ја освои областа Галилеја.

Слични содржини