Денес, кога Русија ја продлабочува својата воена интервенција во Сирија, таа ризикува не само да заглави во воената операција. Тоа го предупредува Леон Арон, раководител на програмата за истражување на Русија во American Enterprise Institute, во напис објавен од “Вашингтон пост”.

Руската интервенција ја продлабочува растечката закана на нејзината сопствена територија – закана, која е способна да ја дестабилизира целата земја. Во Русија се зајакнува новиот тек на радикалниот ислам, кој копнее за терористички напади во сопствената татковина. Руски имами го проповедаат учењето на фундаменталистите. Тие наоѓаат следбеници меѓу руските муслимани, а исто така и меѓу мигрантите од Централна Азија, кои пристигнаа во Москва за да заработат пари.
Русија е новиот фронт на војната со милитантен ислам, но не е подготвена за битка. Во земјата живеат 20 милиони муслимани, вклучувајќи 6,5 милиони мигранти. Големото мнозинство од нив се мирни луѓе, но се зголемува малцинството кое се придружува кон струјата на салафизмот и вахабизмот.
Според некои информации, имамите кои ги делат ставовите на вахабистите, проповедаат во десетици џамии во руската автономна република Татарстан. Во 1999 година еден од приврзаниците на таа радикална струја- Ирек Хамидулин привлече неколку татарски семејства. Оваа група подоцна го создаде “Ујгуруско-Бугарскиот џаамат”. Таа е гранка на “Ал Каеда”, кој, според гласините, е создадена при непосредното учество на Осама бин Ладен, кој војувал со Русите во Авганистан и Пакистан.
“Ујгурско-Бугарскиот џаамат”, приврзок на “Ал Каеда”, создаде во цела Русија мрежа од клетки. Во 2006 година една таква ќелија беше основана во руската автономна република Башкортостан. Нејзината мисија се состоеше во тоа да ја нападне клучната инфраструктура и органите на редот во регионот. Во 2012 година терористите поврзани со оваа организација,го нападнаа високиот муфтија на Таџикистан и неговиот заменик.
Во Русија живеат милиони гастарбајтери, претежно од муслиманските републики во Централна Азија. Некои од нив се маргинализирани, некои дури стануваат жртви на расистички напади. Поради оваа причина некои од нив бараат спас во исламот и стануваат жртви на радикалните проповедници.
Меѓународните терористички организации се сфати ова и засилија своите активности во Русија. Руските власти сфаќаат опасноста. Но руските тајни служби се навикнати да се борат против тероризмот во релативно малиот и слабо населен селски Северен Кавказ. Тие не се подготвени да се спротивстават во големите градови на незадоволните мигранти од Централна Азија. Новиот џихад има многу поширока географија и во многу поголема мера е навикнат да дејствува во градовите, бидејќи таму терористите можат многу полесно да се организираат и скријат, забележува Леон Арон во коментарот поставен на страниците на “Вашингтон пост “.
