Вашингтон пост: Руски хакерски групи упаднале во компјутерскиот систем на Демократската партија во САД

од Vladimir Zorba
81 прегледи

 

Хакери поврзани со руската влада упаднале во компјутерскиот систем на Националниот комитет на Демократската партија на САД. Тие речиси една година ја шпионирале внатрешната комуникација преку е-пораки и е-разговори. Тоа го објави Вашингтон пост повикувајќи се на извори во раководството на партијата и експерти за безбедност.хакери

Меѓу украдените податоци се и анализи за Доналд Трамп, кандидатот на републиканците за Белата куќа. Тие анализи се правени од партиски соработници.

Упадот бил откриен во крајот на април. Била повикана фирмата Крауд Страјк специјализирана  за одбрана од кибер напади кои откриле дека две познати руски хакерски групи упаднале во мрежата на НК од летото 2015 година. Според нив, двете групши вршеле политички и економски шпионажи во корист на руската влада и поврзани се со руски разузнавачки служби.

Весникот Вашингтон пост објави дека компјутерскиот систем на НК на ДП бил „среден“ во минатиот викенд. з