192
Американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ ќе побара доказ од сите вработени дека биле вакцинирани против коронавирусот.
Потврдите ќе бидат побарани од 13 септември, кога се планира новинарите да се вратат во редакцијата, изјавија од „Вашингтон пост“ за „Њујорк тајмс“.
Сопственик на весникот е милијардерот Џеф Безос, а вработени се над 1.000 лица, пренесе Бета.
Во првата фаза од планот за враќање во редакцијата, вработените ќе доаѓаат трипати неделно во септември.
Компаниите низ САД бараат начини да ги вратат вработените во своите канцеларии по 18 месеци работа.
Сепак, овој план може да се одложи поради појавата на делта сојот.