“Вашингтон тајмс”: Кина може да земе учество во борбата против ИД

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Кина може да испрати свои војници за учество во глобалниот конфликт со ИДkina id

САД не исклучуваат дека Кина може да земе учество во воените операции против терористичката група “Исламска држава”, пишува т весникот “Вашингтон Тајмс”, повикувајќи се на извори од воените кругови во САД. Според цитираните извори “Кина може да испрати свои војници за учество во глобалниот конфликт со ИД”. Американски воен претставник појасни дека “Пекинг е загрижен од порастот на бројот на екстремистите од Кина во редовите на оваа група. Во американски податоци ИД веќе се сврти кон кинеските сепаратисти од редовите на Ујгурите со апели да се приклучат на нејзините активности во Ирак и Сирија. Властите во Кина стравуваат дека исламистите се обидуваат да го  шират своето влијание во Ксинџијанг ујгурски-автономен регион во северозападниот дел на земјата.

Вашингтон тајмс” не прецизира со какви воени сили Кина би можела да учествува во операциите против ИД зад граница и каде има такви информации. Во исто време изданието цитира американски претставник, кој смета дека прашањето е во тоа на која страна ќе се Кинезите. Според мислењето на изданието НР Кина едвај ќе се приклучи на меѓународната коалиција предводена од САД, која води борба со ИД во Сирија и Ирак. Наместо  тоа кинеските војници  ќе ги здружат напорите со руските војски во  реализирање  на бомбардирања во Сирија, тврди весникот. / ТАСС