Администрацијата на претседателот на Соединетите држави, Џозеф Бајден, е загрижена од зголеменото ниво на соработка меѓу Русија и Кина, пишува „Политико“, повикувајќи се на високи функционери.
Според соговорниците на порталот, долго време односите меѓу Русија и Кина биле ограничени на тактичка соработка и привремено партнерство. Меѓутоа, неодамна, соработката меѓу двете земји се трансформираше во „нешто многу потрајно и стратешко“.
„Соработката меѓу Русија и Кина, која ја следиме последните десет години, е подлабока и, искрено, предизвикува поголема загриженост. Мислам дека на одредено ниво, таа соработка функционира како квази-сојуз“, пишува „Политико“, додавајќи дека двете земји често имаат заеднички став кога станува збор за важни прашања во ООН, подигајќи ја соработката во трговијата, војската и технолошки сфери.
На краток рок, според еден од соговорниците, прашањата што ги загрижуваат доаѓаат од Русија, но на долг рок, најмногу ги загрижува предизвикот кој го претставува Кина.