Васил Стерјовски: Во Албанија има над 100 илјади Македонци

од Milan1
135 прегледи

Кога ќе имаме вистински попис ќе дознаеме колкава е реалната бројка, но македонската заедница во Албанија е над 100 илјади на целата територија на Република Албанија. Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник, областа на Девол долж албанско-македонската граница, но процесот на миграција голем број од нив ги однел во други градови во Албанија, изјави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската „МЦН“.

Според него Македонци има низ цела Албанија, односно во секој поголем град.

– Денеска имаме припадници на македонската заедница во секој поголем албански град. Сакам да нагласам дека за жал, и денес, продолжува комунистичката политика и се признаваат Македонци само во областа на Преспа, општина Пустец а не се признаваат Македонци во областа Гора и Голо Брдо и врз нив изминатите години е вршен притисок да не ја декларираат својата македонска припадност, рече Стерјовски.

Тој одговори и на прашањето дали верува на бројките од пописот и на тоа зошто е преполовен бројот на македонското малцинство во Албанија.

Овие бројки се манипулирани и не се вистински. Ние како партија во Албанија, веднаш после објавувањето на резултатите од пописот, први ги отфрливме и изјавивме дека бројките за македонското малцинство се манипулирани. Имаме многу факти за тоа. За време на пописот јавно имаме реагирано, за тоа каков притисок имало македонското малцинство од страна на Бугарија да се декларира како бугарско и албанските власти не презедоа никакви мерки за да ни гарантираат слободно изјаснување – одговори Стерјовски.

Посочи дека албанските власти не само што не презеле никакви мерки, туку им помогнале на бугарските власти да манипулираат со пописот и бројот на македонското малцинство.

Слични содржини