Васил Стерјовски: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

од Milan1
21 прегледи

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија,  Македонска алијанса за европска интеграција,  Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана.

Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди.

– Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник и областа Девол, долж албанско – македонската граница. За жал и ден денес се следи комунистичката политика, која нас Македонците не признава како малцинство само во областа Преспа, Општина Пустец. Не ги признаваат Македонците во Гора и Голо Брдо. Ним дополнително им се вршеше притисок и на другите пописи да не се изјаснуваат она што се – Македонци, рече Стерјовски.

Освен во овие области повеќе десетина илјади Македонци живеат во Тирана, Елбасан, Драч, Кукс и други градови.

Слични содржини