Васиљ за кривичната пријава од Град Скопје: „Ниту некогаш успеале, ниту пак сега ќе успеат да ме замолчат“

од Берта Китинска
542 прегледи

Претходното раководство на Градот Скопје платило сума од над 75.000 евра за изработка на официјален веб портал на градот кој никогаш не профункционирал во целост, односно градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга која не била реализирана како што било предвидено, изјави Даниел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.

Тој нагласи дека Град Скопје ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата за поранешни и сегашни вработени во градската адиминистрација.

Со своја рекација преку социјалните мрежи излезе вишиот соработник на предходното раководство на Градот Скопје, Влатко Васиљ кој беше споменат во соопштението од Градот.

-Ниту некогаш успеале, ниту пак сега ќе успеат да ме замолчат и заплашат. Ако порано методите беа со закани по живот, чекање пред влез, слики од син ми во градинка и посети кај сопругата на работа со закани дека ќе ме вратат во црна торба дома, денес начинот е друг, денес тие се обидуваат преку лажни афери и фабрикувани обвиненија да ме заплашат и замолчат со само една цел – очаен обид за дефокусирање на јавноста од неспособноста и разочарувањата од ВМРО-ДПМНЕ, вели Васиљ.

Тој вели дека неговата чесност не може да се извалка и злооупотреби за евтини политички и партиски цел.

-И покрај што немам никаква директна поврзаност со наведената кривична пријава, повеќе од јасно е дека користењето и спомнувањето на моето име и презиме е само подло демонстрирање на притисок и заплашување, како и евтин начин да се нахранат вмровските ботови и сите оние што им пречи мојата критичност кон ВМРО-ДПМНЕ.Мојата чест и углед, мојот интегритет и чесност не можат да се извалкаат и злоупотребат за евтини политички и партиски цели. Како вработен во Град Скопје ќе се воздржам од дополнително коментирање на оваа тема сè додека вистината не излезе на виделина, реагира Васиљ.

Слични содржини