Ватикан ја пофали одлуката на Врховниот суд на САД за абортусот

од Берта Китинска
163 прегледи

Ватиканската академија денеска ја пофали одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот, велејќи дека е предизвик за целиот свет да размислува за важни животни прашања.

Одделот на Ватикан во соопштение наведува дека одбраната на човечкиот живот не може да се ограничи само на правата на поединецот, бидејќи животот е прашање од „широка општествено значење“, пренесува Ројтерс.