Ватикан нуди да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

од Nikola Popovski
144 прегледи

Шефот на одделот за надворешна политика на Католичката црква, надбискупот Пол Ричард Галагер, изјави за „Медиасет“ дека Ватикан понудил да организира преговори меѓу Украина и Русија на нејзина територија.

Тој истакнал дека Ватикан и Папата отсекогаш биле отворени за преговори од почетокот на војната, но дека „се уште не е добиен конкретен одговор“, објави украински Главком.

Галагер објасни дека понудата останува на маса.

„Сметаме дека е соодветно и неопходно да го понудиме и обезбедиме ова место (за преговори). Светиот Отец би имал многу позитивно гледање на ситуацијата доколку двете страни се согласат на преговори, со добри намери и во духот на барање мир и дијалог“, соопшти ватиканскиот надбискуп.

Слични содржини