Папата Франциск поминал мирна ноќ во болница и појадувал во средата, објави утрово Ватикан во најновиот извештај за кревкото здравје на папата.
Франциск има билатерална пневмонија, објави во вторникот Ватикан, што го отежнува неговото лекување. 88-годишниот папа на 14 февруари беше примен во римската болница Гемели.
Билатералната пневмонија е сериозна инфекција која може да предизвика воспаление и лузни во двете бели дробови и да го отежне дишењето.
Ватикан во понеделникот соопшти дека лекарите по втор пат ја смениле терапијата на папата за време на неговиот престој во болница за да одговорат на сложената клиничка слика.
Франциск, кој е папа од 2013 година, неколкупати имаше грип и други здравствени проблеми во последните две години.
Како млад, тој добил плеврит и морал да му биде отстранет дел од едното белодробно крило, а од неодамна е склон на белодробни инфекции.