Ватикан објави во каква здравствена состојба е папата

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Папата Франциск, кој боледува од пневмонија, е во „добра и стабилна“ здравствена состојба и прима интравенска антибиотска терапија, пренесува „Ројтерс“.

Врховниот поглавар на Католичката црква ќе ги ограничи своите активности во следните неколку дена за да ја зачува својата сила, соопшти Ватикан.

Претходно папата Франциск не се појави на плоштадот Свети Петар поради пневмонија, но пораката на папата до верниците ја прочита неговиот заменик.

Папата, кој кашлаше и имаше преврзана рака, за тоа време беше во капелата на неговата резиденција, а неговото обраќање до верниците беше емитувано на плоштадот Свети Петар преку голем видео бим.

Слични содржини