186
Папата Франциско претседаваше со погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, држејќи проповед во која го спореди својот претходник со Исус пред десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар.
На крајот од јавната церемонија на погреб на плоштадот Свети Петар, некои луѓе скандираа на италијански „Санто Субито!“, повик веднаш да биде прогласен за светец, објави Ројтерс.
Тоа беше истата фраза употребена на погребот на папата Јован Павле Втори во 2005 година, иако тогаш имаше многу повеќе луѓе.