Римокатолички кардинал во вторникот првпат се појави пред судот во Ватикан во врска со обвинувањата за корупција при купување луксузен имот во Лондон.
Судот во Ватикан ја испитува улогата на кардиналот Џовани Анхел Бечиу (73) и уште деветмина ко-обвинети во скандалот со инвестиции во кој беше купена вила во луксузната лондонска област Челси со црковни пари.
Неколку стотици милиони евра се платени за недвижнини, провизии и други услуги.
Тоа е едно од најголемите испитувања во историјата на Ватикан.
Бечиу, некогаш заменик државен секретар, е првиот кардинал на кој му се суди во таа град-држава.
Обвинител во овој случај е Државниот секретаријат, главната извршна власт на Ватикан.
Бечиу претходно ја бранеше инвестицијата и рече дека не постапува во негов личен интерес. Тој ги негираше обвинувањата за корупција и тврди дека е „жртва на заговор“.
Ватиканските и италијанските власти ја испитуваат спорната набавка во Лондон од јули 2019 година, а истрагата е проширена и на Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Островот Џерси, Луксембург, Словенија и Швајцарија.
Според Светата столица, постапката е резултат на реформите на папата Франциск, кој сака да воведе поголема транспарентност во финансиите на Ватикан.