Важните животни лекции кои треба да ги предадеме на децата

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Секој родител го сака најдоброто за своите деца. Сака да ги образува добро, да ги охрабри во развојот на голем број вештини. Но, најважните животни лекции кои ќе ги предадеме на малите се оние кои ќе им помогнат за формирање како личности. Споделуваме некои од нив.b7b83844393f6815056814bd4e2e7063

Учете ги децата да не престануваат да читаат и учат.
Една од најважните лекции за малите е да не престануваат да учат и да го развиваат својот спектар на знаења и способности. Тие треба да знаат дека во процесот на учење не влегува само наставниот материјал. Охрабрете ги да читаат интересни книги, да посетуваат забавни курсеви на кои може да се развие креативност, да имаат свое хоби и т. н.

Учете ги децата да играат добро со другите.
За да можат еден ден децата да работат во тим, тие мора да научат да бидат социјални и да играат добро со другите. Охрабрете  ги малите да се забавуваат во тим и да работат заедно за постигнување на целите. Така тие ќе се научат не само на комуникација, но и на толеранција кон различните мислења, на емпатијата.

Учете ги децата дека нивниот глас треба да се слуша на вистински начин.
Вие како родител ќе бидете често крај нив, за да ги заштитите. Научете ги да можат да се бранат во овие ситуации кога нема да сте до нив. Да имаат храброст да го изразат своето мислење, да се однесуваат со почит кон другите, да го направат својот пат напред, да комуницираат ефикасно и да ги бранат своите позиции, а кога е потребно, да се залагаат и за други.085cf06a85d4ac2491eeb219206c62b4

Учете ги децата да се извинуваат кога грешат, да простуваат.
Адолесцентите треба да знаат дека секој прави грешки и дека не е срамно да се побара извинување за својата постапка, а да простиш е великодушно. Учете ги децата дека молбата за прошка и простување се знак на вистинска храброст.

Учете ги децата да останат позитивни и да гледаат секогаш на светлата страна на работите.
Животот не е само сонце и сјај. Во него често има мрак. Тој е мешавина од добри и лоши искуства. Научете ги децата дека и покрај тешките моменти, тие треба да веруваат во доброто и во позитивните настани кои секогаш ги следат по тежок момент. Овој став ќе им помогне да се справат полесно во сложените ситуации, да бараат решенија, а не да бегаат од проблемот.