Вдовицата на Евгениј Пригожин, поранешниот лидер на групата Вагнер, кој загина во авионска несреќа минатиот месец, официјално го смени презимето.
Системот SPARK забележа дека Љубов Пригожина сега се вика Љубов Валентиновна Крјажева, пренесува рускиот медиум Фонтанка.
Системот добил информација за промената на презимето на 15 септември, иако нема информации кога се случила промената на презимето.
Руските медиуми наведуваат дека тоа е моминското презиме на вдовицата на Пригожин. Поранешниот началник на платениците остави зад себе две ќерки и еден син, но не се знае дали тие го смениле презимето.
Инаку, Љубов Пригожина е фармацевт и истовремено сопственик на Агат ДООЕЛ, подружница на Конкорд Менаџмент и Консалтинг ДОО, компанија која беше во сопственост на поранешниот шеф на „Вагнер“.
Yevgeny Prigozhin's wife has changed her last name
In databases she is listed as Kryazheva Lyubov Valentinovna. That's her maiden name. pic.twitter.com/IulLYhpWdE
— NEXTA (@nexta_tv) September 18, 2023