Патриша Гучи, наследничката на најпознатата модна индустрија, зборуваше за своите впечатоци од филмот House of Gucci, и го изрази своето незадоволство, што го стори и вдовицата на Гучи, Патриша Регани.
„Разочарани сме од она што го видовме досега. Тие го крадат идентитетот на семејствата за да заработат пари. Нашето семејство има идентитет и право на приватност. Можеме да зборуваме за сè, но има граница што не смее да се преминат“, рече Патриша.
Таа е незадоволна и од Ал Пачино, кој во филмот го игра ликот на нејзиниот дедо Алдо, и за кого вели дека не е добар избор.
„Мојот дедо беше висок и убав, со сини очи, а беше претставен како дебел, низок и грд“, рече таа.
И Патриша Регани, позната како Црна вдовица, која излезе од затвор во 2016 година, исто така е незадоволна од филмот. Имено, таа доби затворска казна од 26 години за вмешаност во убиството на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи, кој го продаде семејниот бренд во 1993 година за нешто повеќе од милијарда евра. Патриша воопшто не беше задоволна од неговата одлука, а на сè претходеше неверството на Маурицио и неговото заминување од семејството со неговата помлада љубовница.
„Ме изнервира тоа што на Гага не ѝ беше гајле да дојде и да ме запознае, а ме глуми во филмот“, рече Патриша.