Откако минатиот викенд фотографиите од нивна заедничка вечера во Западен Холивуд предизвикаа големо внимание на Интернет, откриена е вистината за односот меѓу Џенифер Анистон и Педро Паскал.
„Не постои романтична врска меѓу Џенифер Анистон и Педро Паскал“, открил добро информиран извор за Page Six. „Тие се почитуваат како уметници, но нивниот однос е строго платонски и не излегуваат заедно“.
Фотографиите кои се појавија во текот на викендот покажуваат како актерите го напуштаат хотелот Сансет Тауер по вечерата со група пријатели во барот во хотелот. Папараците ги фатиле како разговараат до паркингот по тричасовен оброк.
Џенифер Анистон носела кожен елек преку бела маица, црни панталони и чизми, додека актерот ил облечен во кожна јакна, фармерки и мокасини.
Фановите на социјалните мрежи веднаш почнаа да шпекулираат за можна врска меѓу двајцата актери. Некои дури и повторно споделија видео клип од нивната интеракција од црвениот тепих на „Critics Choice Awards“ од јануари оваа година.