Вечерва Антониa и Мартија во суперфиналето на Пинкови ѕвездички

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Вечерва со почеток во 21:00 часот ќе можеме да го проследиме суперфиналето на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ кое претставуваше едно од омилените талент натпреварувања за сите популации во изминатиов период. Вечерва ќе биде прогласен победникот, а судија ќе биде само публиката со своите гласови.martija-620x350

Помеѓу 10-те суперфиналисти кои маѓепсаа со својот талент, ќе настапат и двете Македонки кои успеаја да доминираат на сцената со своите неверојатни пејачки, актерски и танцувачки способности и во неколку наврати беа веќе прогласени за победници и најдобри, од страна на стручното жири.

 

За Антониа Гиговска, 14 години од Скопје, и Мартија Станојковиќ, 12 години од Куманово, ќе можете да гласате на телефонските броеви подолу, а линиите се постојано отворени до крајот на самото суперфинале.

13466078_1757244321156389_6589007605708553648_n

13590507_371755143157160_8441648112221104402_n

За победникот во втората сезона ќе одлучат гласовите на публиката, па време е Македонија да ја даде поддршката за своите натпреварувачки, кои со својот вонсериски талент нè претставуваа пожртвувано изминатата сезона.

Ве потсетуваме на нивните настапи во финалето во петокот, додека ги чекаме вечерашните последни претставувања.