„Ведомости“: Путин се подготвува за предвремени претседателски избори

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Рускиот економист Евгениј Гонтмахер во својата статија објавена во весникот „Ведомости“ ги коментира причините за предвремени избори во Државната дума на Русија, наведувајќи дека ниту едно од официјалните објаснувања за потребата од поместување на датумот на изборите за само три месеци, не е убедливо.

putin_helicopter_rtr_img_1

Авторот смета дека можна причина е можеби потребата да бидат одржани предвремени претседателски избори идната пролет и прашува која е придобивката за шефот на државата Владимир Путин од ваквата комбинација.

– Прагматично објаснување треба да постои, бидејќи невообичаената идеја за промена на датумот на изборите во Државната дума со сигурност е пристигната од врвот. Путин забележува дека социјално-економската ситуација во земјата ќе се влошува уште долго време. Кој знае какво ќе биде јавното расположение во пролетта 2018 година? Пропагандата си е пропаганда, но кога ќе се зголеми сиромаштијата, т.н. „мнозинство на Путин“ може да се стопи како снег. Затоа на есен 2016 година може да биде реизбран по инерција на високиот личен рејтинг, пишува Гонтмахер.

Друга причина според него е дека по претседателските избори, согласно Уставот, Владата ќе поднесе оставка. Тоа ќе го ослободи Путин од неофицијалното ветување кон Дмитриј Медведев дека ќе ја зазема премиерската функција за време на целиот негов претседателски мандат./МИА