Веганска бајадера со малини која не се пече

од desk4
603 прегледи

Ваквата бајадера ќе им се допадне дури и на оние кои никогаш не ни помислиле да пробаат веганска храна.

Овој рецепт е здрава варијанта за десерт, не се пече, не содржи бело брашно, ниту јајца, а не се ни пече.

Потребни состојки:

50 гр какао во прав
60 мл кокосово масло
12 урми
300 гр индиски ореви
25 гр кокосово брашно
125 мл јаворов сируп
250 гр свежи или смрзнати малини

Прелив:

60 гр кокосово масло
80 мл јаворов сируп
35 гр какао во прав

Подготовка:

Калапот за печење (правоаголен) убаво обложете го со хартија, од секоја страна. Првиот слој го правите така што во блендер ставате какао, кокосово масло, урми и 150 гр индиски ореви. Мешате на голема брзина додека да добиете леплива смеса. Го правите првиот слој така што убаво го распоредувате во калапот. Ставете да се стегне во фрижидер.

Фил: Кокосовото брашно, јаворовиот сируп, малините и 150 гр индиски орев ги блендирате додека да добиете компактна смеса. Ја ставате врз првиот слој и оставате да се стегне во фрижидер.

Останатите состојки стопете ги на пареа и мешајте додека да добиете мазна смеса. Изладениот прелив прелијте го врз филот од малини. Оставете го колачот до наредниот ден, за убаво да се спојат состојките.

Слични содржини