Вегански десерт: Малини во чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Комбинација од кокос и малини со темно чоколадо.

Состојки:

– 100 гр кокосово брашно

– 125 гр замрзнати малини

– 3 – 4 лажици јаворов сируп

– 100 гр темно чоколадо

– 1 лажица кокосово масло

Подготовка:

Во блендер кратко измешајте ги кокосовото брашно, малините и јаворов сируп, само додека смесата не се соедини.

Со раце формирајте топчиња со саканата големина од смесата и ставете ги во замрзнувач кратко време.

Во меѓувреме растопете ја црната чоколада со кокосово масло.

Потопете ги топчињата во растопеното чоколадо.

Оставете ги во фрижидер десетина минути да се стегнат, па послужете ги.

Слични содржини