Вегански хамбургери

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Состојки:

– 2 лажици масло

– 225 гр свежи печурки

– 4 чешниња лук

– 1 главица кромид

– 1 шолја презла

– 1/2 чаша путер од кикирики

– 1/4 шолја чиа семе

– 2 лажици соја сос

– 280 гр сладок компир

– 2 шолји сварена леќа

Подготовка:

Истурете го маслото во тава и кога ќе се загрее додадете го кромидот исечкан на коцки. Пржете околу една минута, а потоа додадете ги исечканите печурки и продолжете со пржење додека не испари целата вода од печурките.

Испржените печурки ставете ги во блендер за храна и додајте ја сварената леќа, презлата, путерот од кикирики, соја сосот, чиа семето и оставете го блендерот да ги измеша сите состојки заедно за да се формира густа, мазна смеса. Додадете ги ренданите компири и убаво измешајте ја смесата. Компирите не треба да се варат, додека плескавиците се пржат и тие ќе се зготват.

Смесата поделете ја на шест дела или осум за помали плескавици. Начинот на готвење зависи од вас – пржени, печени или на скара.

Слични содржини