Состојки:
2 чаши леќа
3-4 јајца
50 г брашно
чубрица
1-2 прстиња сол
1-2 прстиња црн пипер
лебни трошки
Подготовка:
Сварете ја леќата. Важно е да се свари добро, за да започне да добива облик на каша. Потоа исцедете и префрлете во друг сад. Зачинете со зачини и добро промешајте. Измешајте ја со брашното и со раце обликувајте ќофтиња. Секое од ќофтињата извалкајте ги во лебни трошки. Испржете ги ќофтињата од леќа во масло во длабок сад. Откако ќе се подготвени исцедете ги врз кујнска хартија.
288