Вегетаријанска тортилја

од Vladimir Zorba
160 прегледи

 

c2762b5ff74148a837e8d96f51001e14_1_largeСостојки:

4 тортилји

Главица црвен кромид

200 гр. печурки (маринирани или свежи)

Рукола по желба

Тиквичка

Лута и нелута пиперка

Растителен кашкавал

Посен мајонез

Сенф

Кечап

 

Начин на подготовка:

Тортилјите откако ќе ги затоплите од  двете страни намачкајте ги со  мајонез и  сенф и потоа наредети ги: испечените тиквички на скара или грил тава, печурките исто така испечени, лутата и нелутата пиперка исечена на кругови, исто така и кромидот исечен на кругови (кој  може да го испечете на грил тава доколку сакате да го изгуби интензивниот мирис), изрендајте го качкавалот врз топлиот зеленчук   и додадете ја руколата , зачините по желба и на крајот кечапот.