71
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, во интервју за „Еуроњуз Албанија“, запрашан дали случајот за корупција против Артан Груби ќе биде почеток на бран слични случаи против поранешни функционери, рече дека во обвинителствата во земјава веќе се насобрани стотици вакви случаи, кои ќе бидат процесуирани.
„Да. Веќе се насобрани стотици такви предмети во обвинителствата во земјата и веќе се извршени првите апсења. Верувам дека ќе продолжи тој тренд во периодот, што следи. Сега повеќе никој не може да биде над законот, заврши периодот на неказнивост. Ќе има одговорност за сите случаи на корупцијата, која задоби вознемирувачки димензии, како и за сите случаи на организираниот криминал“, рече Фетаи.