Веља Невоља ја напушта ќелијата само два часа на ден

од Milan1
644 прегледи

Овој озлогласен криминалец, кој има најмалку шест убиства  во Србија (сурови ликвидации на Александар Глигоријевиќ, Никола Митиќ, Лазар Вукичевиќ, Милан Љепоја и Здравко Радојевиќ), но и ликвидации во Црна Гора (Дамир Хоџиќ и неговиот зет Адис Спахиќ) нема привилегија во затвор и мора да се третира според строгите правила кои важат во притворскиот оддел на Специјалниот суд во Белград, пишуваат српските медиуми.

Водачот на озлогласениот клан ја напушта ќелијата само два часа на ден, се разбира, освен ако не оди на сослушувања, или состаноци со адвокат.

Додека Беливук е на прошетка, каде оди со својот цимер, обезбедувањето е во максимална готовност.

Веља Невоља нема контакт со други затвореници за време на прошетките.

– Беливук е под најстроги мерки во притвор, а ист третман имаат и останатите членови на неговиот клан. Додека чека да почне судењето, особено кога е нервозен вежба во затворската соба. Двапати месечно може да добива пакет од семејството, а два пати месечно членовите на семејството имаат право да го посетат. Од друга страна, адвокат може да го посети кога сака, открива изворот.

Два часа пешачење имаат и останатите членови на бруталниот клан на Беливук, кои се во притвор на Специјалниот суд за организиран криминал.

– Беливук не се гледа со неговиот најблизок соработник Марко Миљковиќ, бидејќи тие се обвинети за истите кривични дела. Ниту еден член на групата на Беливук не смее да се сретне со „колегите“. Исто како Веља, така и Маре Месар, најчесто крева тегови во својата ќелија.

Инаку, притворската единица, која е резервирана само за најпознатите имиња во криминалното милје и за најопасните криминалци, ја обезбедува и Жандармеријата.

Слични содржини