Велешанец пренесен во болница по судар на автомобил со воз

од Nikola Popovski
250 прегледи

МВР информира дека 46-годишен велешанец со тешки повреди е пренесен во болница кога со автомобилот се судрил со товарен воз.

-На 18.07.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај с.Горно Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Прилеп-Трубарево и патничко возило „цитроен берлинго“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.П.(46) од Велес, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Слични содржини