Самостојниот настап на Либералната партија го проектиравме пред една година. Предложивме чекори како да дојдеме до вистински демократски и кредибилни избори.

Предлагавме попис во април 2016. До сега ќе беше завршен и ќе помогнеше во прочистувањето на избирачкиот список. Ако сега се утврдија триесетина илјади „фантомски гласачи“, колку ли ќе се пронајдеа доколку вистински се прочистеше списокот и се направеше попис? Но, „државната“ коалиција на Груевски, Заев, Ахмети и Тачи тоа не го прифати. Денес тие се обидуваат да„одглумат“ нормална состојба, за да ги санираат нивните внатре-партиски состојби. Затоа, точни се вашите оценки дека изборите на 11 декември се формалност што нема ништо суштински да промени. На Македонија и е потребна промена на партискиот поредок што ги окупира институциите, а не одржување на партиската окупација. Затоа и не ги прифативме импровизациите на Пржино 1, 2 и 3, и затоа денес може да разговараме вака, и со членови на партијата, но и со граѓани кои можеби поддржувале други партии, а сега се согласуваат со алтернативите на Либералната платформа – истакна претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, на средбата во новоотворената канцеларија на Либералната партија во Прилеп и потренцираше:
Присутните се интересираа за повеќе прашања од политички и економски домен:
– Отворени прашања има во секоја област. Економскиот застој се чувствува и тој е поврзан со политичките состојби. Излезот од политичката криза, заедно со излезот од економскиот застој е наша обврска и граѓаните во Прилеп и регионот ова го гледаат како приоритет – сублимираше Златко Граороски, претседател на Либералната партија – Прилеп, предупредувајќи: „Во спротивно, иселувањето и осиромашувањето на граѓаните нема да запрат, туку ќе се интензивираат“