
„Идните два месеци се клучни за идните 20 години во Македонија. Сега повторно имаме шанса да го ресетираме системот како `91-та“ – издвојува Бисера Фабио во интервјуто објавено во денешното печатено издание.
Оценувајќи ја тековната состојба, претседателот Ивон Величковски вели: „Груевски е главниот мозок на се што се случува и тоа го покажуваат овие „бомби“ што ги објавува Заев. Ја погоди желбата на граѓаните државата да се грижи за сите, воведе национален мит за Античките Македонци и ги искористи губитниците од транзицијата да му станат верни гласачи. Ги излажа. Ги прелажа оние што страдаа во деведесеттите, а младите ги фати во тој историски мит. Ги корумпираше медиумите и гласачите и тоа е неговата формула. А тогаш се преигра. Негова клучна грешка беа предвремените парламентарни избори 2014.“
Во врска со акцијата во Куманово, Величковски оценува: „…Работите можеби ќе се забрзаат и затоа што после Куманово имаме повторно инволвирана меѓународна заедница бидејќи и тука Груевски се преигра. Мислеше дека брзо ќе ја затвори приказната за акцијата во Куманово, но во реалноста отвори многу прашања без одговори.“