106
Денес, на годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, Велика Британија воведе нови санкции против Москва кои се однесуваат на 92 физички лица и субјекти, вклучително и забрана за извоз на сите производи што можат да се користат на бојното поле.
Британското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека меѓународно координираните санкции и трговски мерки се насочени кон делови за авиони, радиоопрема и електронски компоненти.
Според информациите, нови санкции се воведуваат и против неколку руски директори, вклучително и вработени во нуклеарната државна корпорација „Росатом“, одбранбениот сектор и руските банки, пренесе Ројтерс.