Велика Британија бара да се преразгледа дозволата за руската телевизија „РТ“

од Milan1
255 прегледи

Велика Британија побара од регулаторот за медиуми да ја преразгледа дозволата за емитување на руската телевизија РТ, откако Кремљ призна два одметнати региони во источна Украина, соопшти денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Министерката за култура изрази загриженост до регулаторот Офком дека РТ (поранешна Раша Тудеј) е дел од информативната машинерија на Москва и дека ќе шири дезинформации за украинската криза, се вели во писмото објавено во Тајмс.

Џонсон за оваа тема доби прашање во парламентот, по што рече: Живееме во земја која верува во слободата на говорот… Да оставиме Офком да одлучи која медиумска куќа треба да биде забранета, а не политичарите. Тоа го прави Русија“.

РТ ги отфрли претходните критики на британските политичари, велејќи дека тие се мешаат во работата на регулаторот, кој треба да биде независен.  Руските власти велат дека РТ е средство со кое Москва се бори против доминацијата на глобалните медиумски компании од САД и Велика Британија за кои веруваат дека даваат еднострана слика за светот.

Слични содржини