Велика Британија го повика денес рускиот амбасадор на разговори, откако Кремљ нареди војници да влезат во два бунтовнички региона во Украина.
„Утринава Министерството за надворешни работи го повика рускиот амбасадор”, изјави официјалниот портпарол на Борис Џонсон, откако премиерот рече дека Лондон „многу силно ќе ја погоди Русија” со насочени санкции.