Велика Британија поради недостигот на месари по итна постапка ќе им понуди 800 визи на шестмесечен период, изјави во четвртокот министерот за природна средината Џорџ Јустис.
Фармерите ширум земјите објаснуваат дека брегзитот и пандемијата на коронавирусот предизвикале вистински егзодус на работниците од источна Европа кои работеле во кланиците и фабриките за преработка на месо, оставајќи свињите да се трупаат во одгледувалиштата и на полјаните ширум земјата,
„Ќе им овозможиме на работниците од кланиците и погоните за преработка на месо, во рамките на програмата за сезонски работници, да дојдат на шест месеци. Тоа ќе ни помогне да го решиме проблемот на преголемиот број свињи на фармите и ќе им овозможи на производителите на месо да заколат што повеќе свињи“, појасни Јустис.
Според него, ќе бидат потребни околу 800 месари. Објасни, исто така, дека индустријата за производство на свинско месо а и прехранбената индустрија воопшто, поради пандемијата на коронавирусот а не брегзитот загубиле голем број работници.