HelicoBritain објави дека ќе издвои 200 милиони фунти за обука на војници за евентуално распоредување на мултинационални сили во Украина. За време на неговата посета на Киев, министерот за одбрана Џон Хили изјави дека покрај војниците, парите ќе бидат потрошени за модернизација на возила, комуникациски системи и заштита од беспилотни летала, објави Ројтерс.
Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе испрати илјадници војници да учествуваат во мултинационалните сили. Досега, Лондон не прецизираше конкретен број, а во средата, премиерот Кир Стармер изјави дека се очекува плановите на Лондон за ова прашање да бидат финализирани.
Џон Хили истакна дека објавените трошоци испраќаат јасен сигнал дека Велика Британија има намера да го предводи контингентот и да ги исполни своите обврски за гарантирање на мирот во Украина.
Министерот објави дека производството на беспилотните летала „Октопус“, кои се од украински дизајн, но ќе бидат произведени на Островот, треба да започне овој месец.