Велика Британија ја одобри екстрадицијата на Асанж во Америка

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Министерката за внатрешни работи на Обединетото Кралство, Прити Пател, потпиша наредба за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД за да се соочи со обвинувањата за шпионажа.

„Во овој случај, судовите на Обединетото Кралство не утврдиле дека екстрадицијата на Асанж би била репресивна, неправедна или злоупотреба на постапката“, се наведува во образложението.

Обвинителството соопшти дека Асанж има право на жалба на оваа одлука во рок од 14 дена. Доколку одлучи да поднесе жалба, првата адреса на која мора да се обрати е Високиот суд во Лондон и на крајот може да побара да го изнесе својот случај пред Врховниот суд на Обединетото Кралство.

Доколку жалбата биде одбиена, Асанж мора да биде екстрадиран во САД во рок од 28 дена.

Да потсетиме, Асанж со години се обидува да избегне судење во САД за обвиненијата поврзани со објавување на огромен број доверливи документи во 2010 година.

Доколку биде осуден во САД, му се заканува затворска казна до 175 години.

Слични содржини