Велика Британија ќе забрани на Huawei да гради 5G мрежа

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Премиерот на Велика Британија има намера да го забрани користењето на опремата на кинеската компанија Huawei за изградба на британската 5G мрежа, пишува Ројтерс.


Оваа одлука може да го налути Пекинг, но и да ги израдува САД, кои ја охрабруваат Велика Британија да ја смени својата одлука од јануари, кога му даде на Huawei ограничена улога во градењето на 5G.

Британскиот совет за национална безбедност (NCS), со кој претседава премиерот Борис Џонсон, ќе се состане во вторник на разговори со кинескиот технолошки гигант.

Претходно, британскиот министер за дигитални работи, Оливер Дауден, објави дека одлуката на Велика Британија да му овозможи на Huawei ограничена улога во изградбата на мрежата „не била врежана во камен“.

Непосреден изговор за одбивање на опремата на Huawei е влијанието на новите санкции на САД врз технологијата за чипови, за која Лондон вели дека може да влијае на можноста на Huawei да биде посакуван снабдувач.

Сè уште не е јасно колку далеку ќе оди решението на Џонсон. Телекомуникациските компании веќе мораа да ја ограничат улогата на Huawei во градењето на 5G на 35 проценти до 2023 година. Во моментов се разговара за да се намали нивната улога на нула во наредниот период.

На прашањето за Huawei во јуни, Џонсон рече дека ќе ја заштити критичната инфраструктура од „непријателските добавувачи“. Министерот за правда Роберт Бакланд претходно изјави дека приоритет ќе биде „националната безбедност“.

Соединетите Американски држави, кои забранија употреба на опрема Huawei за изградба на 5G мрежи, велат дека оваа компанија е агент на кинеската „комунистичка држава“ и дека не може да и се верува.

Huawei, најголемиот производител на телекомуникациска опрема во светот, негира шпионажа и вели дека САД сакаат да го спречат нивниот раст бидејќи ниту една американска компанија не може да понуди иста технологија по конкурентни цени.

Слични содржини