Велика Британија лансираше онлајн психотерапија

од Vladimir Zorba
64 прегледи

При зборот терапија, веројатно замислувате да легнете на троседот и да раскажете за животот на терапевт кој нежно зборува. Но, сега нова мобилна апликација ќе ви ги промени замислите и лекувањето на пациентите кои страдаат од депресија, посттрауматски нарушувања и стрес.4547829

Терапијата е создадена специјално за луѓе кои имаат потреба од помош, каде и да се и во секое погодно време за нив. “The Babylon Therapy” е дигитален сервис за видео консултации, додека сте во движење или ако сакате да се релаксирате воудобноста на сопствениот дом.

Пациентите можат да разговараат со обучени терапевти и да се справуваат со проблеми од стрес и депресија до фобии, нарушувања во исхраната и губење на близок човек.Услугата чини 49 фунти за 50-минутна сесија и е создадена за да ги охрабри луѓето да побараат помош пред да стигнат до критична состојба.

Според терапевтите апликацијата има многу позитивни страни. Прво луѓето се чувствуваат посигурни и повеќе склони да зборуваат дома. Покрај тоа, тие чувствуваат одреден степен на анонимност, кога разговараат преку телефон. Не е за занемарување и факторот време, бидејќи многу од пациентите немаат време да го посетуваат кабинетот на психолог.

Стартувањето на мобилна апликација е дел од кампањата за подобрување на психолошко здравје во Велика Британија, откако статистиката покажа зголемување на луѓето со ментални проблеми со цели 10% во последната година.